РЕЗЕРВИРАЈ СМЕСТУВАЊЕ

Планински велосипедизам

<

Планински велосипедизам со право се смета за идеален рекреативен спорт за ентузијастите на зимските спортови. Ви ги зајакнува мускулите на нозете и стомакот, попатно ви ги подобрува вештините за координација. Ова се само некои од причините зошто огромен број на зимските “лудаци“ го користат велосипедизмот генерално како главен тренинг во летните месеци. Тоа не е само форма на вежбање, многу добро годи и на умот и вашето ментално здравје.

Кога сте во Маврово, вие сте во срцето на Националниот парк, каде што не е важно која вело-рута ќе ја одберете, секоја од нив има неверојатно сценарио.

Планински велосипедизам е активност која ви дава додатен проток на енергија кога сте затечен во средина на крајно импресивни планински предели. Можностите во Маврово се речиси бескрајни, предизвик можат да најдат почетниците и рекреативците, исто така има и патеки за искусни велосипедисти кои претпочитаат да “педалираат“ до високите врвови. Попатно ќе ги сретнете и не заборавајте да ги поздравите овчарите и нивните кучиња, и обавезно фотографирајте ги огромниот број на овци кои ја красат величествената глетка низ масивот на Бистра.

Мавровското езеро пак од друга страна пружа одлична можност за друмски велосипедизам, без разлика дали сакате да возите самостојно или пак со група пријатели. Патот што кружи околу езерото крие прекрасни погледи на езерото и околните планини, особено на зајдисонцe.

Доколку имате потреба од додатни информации за вело-турите или за тури со водичи, контактирајте не на bistra@bistra.com