РЕЗЕРВИРАЈ СМЕСТУВАЊЕ

Регионална средба на претставници од планински центри во Копаоник

Минатата недела во Копаoник, Република Србија се одржа регионална средба на претставници на планиниски и ски центри од поширокиот регион.

Копаоник 2023

Линк до информација https://www.facebook.com/infokop.net/posts/6218621814883733

 

Копаоник во претходните денови беше центар на средба на претставници на 20 планински центри од 8 земји од регионот и компании од областа на инфраструктурата, развојот и дигитализацијата на центрите. Скијачките центри на Србија во 2013 година, во соработка со Центарот за истражување и студии за туризам, го развија брендот „MoReSCE“, кој на секои 5 години собираше лидери во индустријата за планински туризам.
2

После пандемијата што сериозно ја погоди туристичката индустрија во пакетот за климатските промени влијаеше на развојот на планинските центри, темата на овогодинешниот состанок беше за инвестиции и иновации, со цел подобрување на конкурентноста, подобро позиционирање и полесна пристапност.

Планински центри од Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Романија, Бугарија и Турција беа присутни заедно со индустриските лидери во вештачко освежување, планирање и развој и дигитализација кои разговараа во конструктива антмосфера за темите како онлајн продажба на ски карти, продолжување на летната и зимската сезона, закрепнувањето на центрите по кризи и многу други теми кои влијаат на конкурентноста и развојот.
 

Со учество на над 100 делегати, претставници на Министерството за туризам и млади на Србија и Министерството за економски развој и туризам на Црна Гора, MoReSCE уште еднаш ја позиционираше Србија како лидер во развојот на планинските центри и скијачките центри на Србија како пример за најдобри практики. Посебно нѐ радуваше промоцијата на „храна од нула километар“ од Копаоник и виното од фрушкогорскиот регион со учество на 7 винарии и еден производител на сирење.


Извор: @skijalistasrbije
Фото: @marko_edge