Долгото Свежо Лето во Маврово започнува на 1 јули 2024 и ќе трае до 15 септември 2024 година.
Шанкот пред Клуб Ратрак ќе работи секој викенд од петок до недела.
Секоја сабота Ресорт Маврово организира „Научи го Маврово“бесплатни долги велосипедски тури со водич на некоја од патеките низ Маврово. Турите се кружни, траат четири или повеќе часови, почнуваат и завршуваат пред Клуб Ратрак. Сите заинтересирани можат да дојдат со сопствен E-Bike или Mountain Bike или пак да изнајмат E-Bike од Ресорт Маврово.
Во празничниот викенд за 2 август ќе се организира Летен Фестивал за чии содржини дополнително ќе објавиме.
На 8 Септември ќе одржи традиционалната HALK VELO GREEN 2024 велосипедска трка.
Последниот викенд 13-15 септември е резервиран за MAVROVO MAXIMUM ADVENTURE 2024.
Уживајте во планинското сонце и свежиот воздух на Маврово, далеку од градските горештини.
Се гледаме во Маврово.