Планина, снег, адреналин – рецепт за совршена авантура.
Шарените лисја што паѓаат од дрвјата им значат само едно на скијачите и сноубордерите: снежната сезона наближува и повторно доаѓа периодот во годината кога треба да ги грабнете скиите и да се упатите кон вашето омилено место за зимување за неопходната ски-терапија.
За нас, нема тајна, омиленото место за зимски одмор е дома. Дома си е дома, зар не?
Без разлика што ви значи вам зборот „дома“, сигурно има нешто носталгично во врска со местото кое го нарекуваме дома.
За нас, дом е местото каде што започнува нашата приказна.
За нас, Маврово е нашиот дом.
Домот на нашите сеќавања од детството. Домот каде што првпат научивме да застанеме на скиите, каде што ја разбравме потребата за брзина, каде што ја почувствувавме желбата за опасност и ризик и љубовта кон ветрот.
Маврово е нашиот дом. А Наше Маврово е нашиот домашен водич за авантури.
Прочитајте го третото издание на Наше Маврово и инспирирајте се!
Инспирирајте се од луѓето, инспирирајте се од активностите на и вон ски-терените и од Маврово и неговите снежни планини. Во ова издание опфативме сè: планинскиот живот, рестораните, хотелите, настаните во текот на целата сезона. Накратко, Наше Маврово е сè што се случува во Маврово.
Затоа, направете си шолја чај, олабавете се во вашето столче, пуштете ја песната „Let it snow“ и дозволете ни да ја ставиме убавината на природниот свет и вашата омилена планина пред допирот на вашите прсти.